Чаир и Рахмани потпишаа нов договор, таа останува капитен на тимот (ФОТО)

Ракометарката која е капитен на тимот на Чаир, Леонора Рахмани ја продолжи верноста кон клубот од Супер женската лига и останува лидер на екипата.

Таа е една од неколкуте ракометарки кои останаа верни на Чаир бидејќи еден дел од девојките заминаа. Сепак, во новата сезона ќе има нови колешки со кои ќе треба да се задржи нивото и да се продолжи со игрите на високо ниво.

Задоволството од продолжувањето на соработката е на двете страни. Од клубот најавуваат дека имаат квалитетен проект и за новата сезона, а самата Рахмани се заблагодари на довербата која ја доби да биде и понатаму член на овој клуб.

Таа е ракометарка на овој тим во кој ја почна кариерата така што ќе биде лидер на теренот и во сезоната која се очекува да стартува.

Инаку, во Чаир летово дојдоа Теодора Дукоска, Теодора Гулуцоска, Мирјана Петковска, Билјана Дамчевска, Стефанија Ѓорѓиевска и Магдалена Којовиќ.