Циндриќ се враќа во Египет, ќе и помогне на Хрватска во завршните битки на СП?

Хрватските медиуми најавуваат дека средниот бек Лука Циндриќ би можел да се врати во Египет и да им помогне на соиграчите во завршните битки.

Тој по дуелот со Јапонија си замина во Барселона за да ја лекува повредата на адукторот и ако се биде во ред би требало да се врати во Каиро.

„Постои можност доколку се биде во ред со повредата да се вратам во Египет. Се надевам дека ќе биде така бидејќи силно сакам да им помогнам на соиграчите. Ако бидам здрав веднаш се ставам на располагање. Никогаш не било во прашање дали сакам да играм за репрезентацијата. Не сакам да изгледа така“, изјави Циндриќ за „Спортске Новости“.

Хрватска ќе игра во главната рунда против Аргентина, Бахреин и светскиот првак Данска и нема да има лесна задача да се избори за четвртифиналето.