Хрватска остана без победа против БиХ, Словенија ја растури Црна Гора

Во пресрет на Европското првенство голем број репрезентации ги играат последните подготвителни натпревари. На денешните пријателски дуели имаше некои неочекувани резултати.

Избраниците на Лино Червар не успеаја да триумфираат против селекцијата на БиХ и одиграа без победник 33:33. Хрватска по првиот дел имаше предност 18:17, исто така и во финишот на мечот влезе со водство од четири гола но на крајот не победи.

Утрешниот противник на Македонија, репрезентацијата на Црна Гора доживеа дебакл од Словенија. Екипата на Љубомир Врањеш славеше многу убедливо со 37:22. Словенците доминираа во текот на целиот натпревар, а по 30 минути имаа предност 17:9.

Во останатите дуели Шпанија не дозволи изненадување со Полска, а Португалија беше поуспешна од Русија. Германија немаше проблеми со Исланд.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

РЕЗУЛТАТИ

Унгарија – Чешка      27:24 (14:10)

Русија – Португалија    25:27 (11:13)

Хрватска – БиХ     33:33 (18:17)

Украина – Холандија    27:30 (13:17)

Словенија – Црна Гора    37:22 (17:9)

Шпанија – Полска    35:31 (15:13)

Швајцарија – Тунис     29:26 (16:13)

Германија – Исланд     33:25 (16:13)

Австрија У20 – Норвешка У20    28:27 (13:14)