Хрватска освои злато на Светските игри – досега има дури 33 медали!

Машката репрезентација на Хрватска во ракомет на песок освои злато на Светските игри во американскиот град Бирмингем.

Хрватите во финалниот натпревар ја победија селекцијата на Катар со 2-1 во сетови (14-17, 20-16, 9-6) за прв златен медал од ова натпреварување.

Сепак во вкупната колекција на хрватската репрезентација досега во историјата, ова беше вкупно 33. медал во ракомет на песок.

Кај дамите, Германија стигна до златниот медал, откако во финалето беше подобра од Норвешка со 2-0 во сетови (15-14, 9-8).