Херојски пресврт на Целје – за девет минути од минус три, до победа од три гола!

Словенечкиот првак Целје по шест порази по ред во Лигата на шампионите, забележа победа над норвешкиот Елверум со 29-26, но со голем пресврт во последните девет минути, кога гостите водеа со 26-23.

Во првиот дел најчесто се играше израмнето и ниту една од екипите немаше повеќе од два гола предност, па Целје на пауза замина со 15-13.

Во второто полувреме следуваа вистинските возбудувања. Гостите стигнаа до предност од плус три, 26-23, откако Грондал реализираше пенал и тогаш тој и соиграчите застанаа.

Влах, Стрмљан и Маргуч беа клучните играчи кај домашните во последните девет минути, а Елверум не можеше да го најде патот до мрежата на словенечкиот тим.

Влах беше најефикасен кај Целје со 11 голови, додека Бломгрен постигна шест погодоци за Елверум. Сега Целје има четири бода на седмото место, пред последниот Елверум со два бода, додека Кил и ПИК Сегед имаат по шест освоени бода на петтото и шестото место на табелата.