Хагман решила да го брка рекордот на Тодоровска – пак даде 19 гола на СП!

Шведската репрезентативка Натали Хагман, на дуелот со Казахстан кој го доби нејзината селекција со 55-20, постигна 19 гола.

Ова е втор натпревар на Мундијалот во Шпанија (по оној со Порторико), Хагман да постигнува 19 погодоци, но сепак ниту од вториот обид не успеа да го сруши рекордот.

Мундијалскиот рекорд по најмногу голови на еден натпревар од СП го држи некогашната македонска репрезентативка Наталија Тодоровска.

Некогашното десно крило на Кометал ЃП и Македонија, на Мундијалот во Русија во 2005 година, на дуелот меѓу Македонија и Камерун, успеа да постигне 21 погодок.