Филип Милошевски реизбран во Арбитражната Комисија на ИХФ

Генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија, Филип Милошевски, на денешниот конгрес на ИХФ, беше реизбран како член на Арбитражната Комисија.

Покрај реизборот на Хасан Мустафа како претседател на ИХФ во следните четири години, беа избрани и членови и претседатели на сите други комисии.

Милошевски со добрата работа се избори за трет мандат во ова тело на светската куќа на ракометот, и останува единствен македонски претставник.

Со 138 гласа „ЗА“ и ниту еден против, покрај реизборот на Милошевски, беа реизбрани уште тројца членови од претходно, плус двајца нови, а останати четири ќе бидат избрани од Извршниот Комитет на ИХФ дополнително.