Филип Кузмановски си го „фати“ редот

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е најекспонираниот ракометар на бундеслигашот Вецлар за време на летните подготвителни натпревари.

Иако Вецлар загуби два меча, а доби еден натпревар на Вартбург Купот, сепак Миркуловски, кој е асистент тренер, а особено Кузмановски имаат причини за задоволство.

Левиот бек беше најдобар стрелец на Вецлар на трите меча на Вартбург Купот со 13 погодоци.

Против Фуксе Берлин во поразот со 32-30, Кузмановски даде пет гола, додека во поразот од Ерланген со 29-24, Македонецот постигна четири погодоци. Исто толку имаше постигнато нашиот ракометар и на последната средба во победата над Ајзенах со 22-21.

Овие настапи се многу важни за Кузмановски, кој се враќа на терен откако го пропушти финишот на минатата сезона поради повреда, а очигледно ја ужива довербата на новиот тренер на Вецлар, Франк Карстенс, кој имаше пофалби за играта на македонскиот репрезентативец.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!