Уште еден поранешен член на Металург се сели во Спортинг Лисабон

По српскиот интернационалец Немања Младеновиќ, кој минатата сезона се пресели во Спортинг Лисабон, уште еден поранешен член на Металург ќе игра во португалската престолнина.

Станува збор за десното крило Дарко Ѓукиќ, кој пред три дена се раздели од белорускиот шампион Мешков Брест.

Во Спортинг досега на десната крилна позиција играа Романецот Валентин Јонеа и Португалецот Франциско Тавареш, па доаѓањето на Ѓукиќ значи дека тренерот Тјери Анти ќе се откаже од услугите на еден од нив.

Ѓукиќ пред Металург играше во Железничар Ниш, а кога си замина од Скопје беше член уште на турскиот Бешикташ и полскиот Келце.