Уште еден Македонец се сели во Германија

Левиот бек Бобан Попов, по една година во Македонија, повторно ќе се врати на меѓународна сцена.

Штипјанецот, кој минатата сезона ја одигра во дресот на Прилеп, се враќа во германскиот тим Именштат, каде што играше пред две сезони.

Попов потекнува од тимот на Текстилец, а освен за Именштат играше и за португалскиот Мариесенш.

Покрај четворицата во Бундес лигата – Томовски, Кузмановски, Миркуловски и Пешевски, во Германија играат уште многу македонски интернационалци во нисколигашките клубови.