Утре финишира плеј-оф сезоната во Супер лигата – Македонија добива шампион

Со натпреварите од последното 14. коло од плеј-офот во Супер машката лига финишира сезоната и Македонија ќе добие шампион после две години со oглед на тоа што лани сезоната беше прекината и не беше прогласен првак.

Утре до последен момент ќе има возбудувања со оглед на тоа што и Вардар и Еурофарм Пелистер имаат свои шанси за да дојдат до титулата. Практично во исто време ќе има возбудувања и во Скопје и во Битола и до последен момент ќе биде прашање кој ќе дојде до трофејот.

Вардар е во мала предност бидејќи му треба победа за да може утре да прослави нова титула. Има предност во однос на Еурофарм Пелистер само во однос на меѓусебниот дуел бидејќи во Скопје победи со поголема гол разлика. Оттаму утре Вардар ќе биде поблизу до триумф и може да се надева на нов трофеј.

Сепак, надежта постои и кај Еурофарм Пелистер и ќе чека позитивни вести од СЦ „Јане Сандански“ каде што гостува екипата на Металург. Доколку Металург успее да изненади тогаш ќе се слави во Битола.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

СРЕДА, 19 ЧАСОТ

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

СТРУГА – ПРОЛЕТ

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515