Утре се делат првите трофеи после речиси две години

Откако минатата година немаше шампиони и победници во Купот на Македонија утре во салата во „Автокоманда“ ќе бидат доделени првите трофеи. Веќе се познати тимовите кои ќе разигруваат за трофеите така што ќе биде навистина интересно.

И во двете конкуренции во финалето се најдоа екипите кои ги имаат првите две позиции на табелата во првенството.

Куманово е лидер пред Вардар, а утре од 14:30 ќе играат а пехарот од Купот на Македонија. Ситуацијата е таква што ова е истото финале како и пред две години кога завршницата на Купот се играше во Куманово.

Кај мажите ќе се надигруваат Вардар и Еурофарм Пелистер, а дефинитивно ова ќе биде интересен дуел со оглед на тоа што тимот од Битола сака да покаже дека може многу подобро од она што го покажа на средбата од првенството. Воедно ова е прво финале за Пелистер после неколку години пауза.

ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 14 МАЈ

ЖЕНИ (14:30ч)

КУМАНОВО – ВАРДАР

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегати: Цане Куртовиќ и Марјан Огњановски од Скопје.

МАЖИ (17:30ч)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегати: Камер Металари и Драган Начевски од Скопје.