Унгарската легенда ја прекинува кариерата, ќе биде спортски директор во татковината

Унгарскиот легендарен ракометар Габор Часар за „М4 Спорт“ соопшти дека ја прекинува ракометната кариера и во иднина останува во ракометот, но во друга улога.

Поранешниот унгарски репрезентативец, кој има 38 години, во следната сезона ќе ја извршува функцијата спортски директор во екипата на Чеглед. Искусниот ракометар не ја исклучува можноста да ја продолжи кариерата во оваа екипа.

Часар во минатата сезона направи трансфер од Кадетен Шафхаузен во Амичитија Цирих, но поради повреда не одигра ниту еден натпревар за клубот кој го освои Купот на Швајцарија.

За репрезентацијата на Унгарија, Часар има одиграно 243 натпревари и постигнато 845 погодоци. Освен за двата клубови од Швајцарија, во својата кариера настапуваше и за Веспрем, ПСЖ, Дунафер, Шамбери и Виборг.