Унгарија ослабена: Без Лекаи и Бодо на Европското првенство (ФОТО)

Селекторот на Унгарија го објави конечниот список на патници на Европското првенство. Меѓу играчите кои ќе одат на првенствотот ги нема двајцата многу важни играчи, а тоа се Мате Лекаи и Ричард Бодо.

Еден од најдобрите играчи на Веспрем и на унгарската репрезентација во последните неколку години, Мате Лекаи, нема да настапи на Европското првенство заради повреда на коленото која ја заработи во октомври на средбата меѓу Келце и Веспрем, иако полека се опоравува, сепак не е подготвен за големи напори.

Исто така и левиот бек на ПИК Сегед, Ричард Бодо има проблеми со повреда и тој ќе го пропушти Европското првенство. Ова се двајца играчи кои се доста важни за тимот и на Унгарците сигурно многу ќе им недостасуваат.

бодо