Турнир „Крсте Андоновски – Усташ“: Охрид против Тиквеш, Партизан против Пролет

Екипата на Охрид во периодот од 23 до 24 август ќе го организира првото издание на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски – Усташ”.

На првиот ден од турнирот ќе се одиграат две полуфинални средби, додека на 24 август ќе се играат мечот за третото место и финалниот натпревар.

Денес беше извршена ждрепката за полуфиналните дуели на меморијалниот турнир и беа одредени саатниците за сите натпревари. Освен домаќинот Охрид, ќе учествуваат и Тиквеш Кавадарци и Пролет, додека единствениот гостин од странство ќе биде Партизан од Србија.

Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Партизан и Пролет, додека во второто полуфинале, домаќинот Охрид ќе игра против екипата на Тиквеш.

23.08.2022 (вторник)

17:30 часот, Партизан – Пролет

20:00 часот, Охрид – Тиквеш

Поразените од двете полуфинални средби ќе играат за 3. позиција на турнирот, додека победниците ќе играат за првото место.

24.08.2022 (среда)

15:30 часот, натпревар за 3 место

18:00 часот, финале