Тренерот на Металург најави: Ќе го направиме плеј-офот неизвесен до самиот крај

Во новата сезона од домашниот шампионат три екипи влегуваат како кандидати за висок пласман. Покрај Еурофарм Пелистер и Металург се враќа на голема врата во битката за титулата, па Вардар ќе има сериозна конкуренција.

Дека и амбициите се на ова ниво може да се заклучи од коментарите на тренерот Зоран Кастратовиќ дадени во интервју за 24Ракомет ТВ.

Тој зборуваше за она што може да се очекува во новата сезона, па јасно е дека ќе се стори сè плеј-офот напролет да биде интересен, но дотогаш екипата да игра во групната фаза на Лигата на Европа и квалитетно да ги одработи сите натпревари.

„Моите лични амбиции сакам како тренер да им ги пренесам на играчите, особено во плеј-офот и македонскиот шампионат да го направиме неизвесен. Сакаме да не биде сè познато уште кога ќе се почне. Што се однесува до нашите резултати ние ќе направиме сè за да бидеме на приближно на исто рамниште со нашите конкуренти за највисок пласман. Во таа насока се направени добри првични чекори. Ќе креираме игра која ќе ни гарантира остварување на клупските амбиции, не само на европски фронт во Лигата на Европа туку и да бидеме вистински кога е најпотребно. Дотогаш овој број на нови играчи ќе има доволно средби“, изјави тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ во интервју за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју на Зоран Кастратовиќ можете да го погледнете во продолжение.