ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Толбринг во Фуксе Берлин, Едварсон останува во Хановер…

  • Репрезентативецот на Шведска, Џери Толбринг, кој моментално настапува за данскиот шампион ГОГ, од следната сезона повторно ќе заигра во најсилната лига на светот. Швеѓанецот, кој настапува на позицијата лево крило ќе ги засили редовите на Фуксе Берлин.
  • Соиграчот на Филип Кузмановски во Хановер, Џонатан Едварсон реши да остане во Бундеслигата. Ракометарот од Шведска со Хановер го продолжи договорот до јуни, 2025 година. Во Хановер пристигна минатата сезона од Савехоф и уште на почетокот ги покажа своите квалитети, кои беа пресудни, челниците на бундеслигашот да му понудат нов договор.
  • Данскиот вицепрвак Алборг одлучи во своите редови да го задржи еден од најголемите таленти во Данска, младиот Виктор Клове. 20 годишниот ракометар со Алборг ја продолжи соработката до 2026 години. Од следната сезона во Алборг ќе игра и „новиот“ Микел Хансен, Томас Арнолдсен.