ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Нексе донесе десен бек, Ристовска доби конкуренција во ЦСКА Москва

  • Хрватската ракометарка Матеа Плетикосиќ, остана верна на црногорскиот шампион Будуќност, иако посакуваше да ја смени средината во потрага по поголема минутажа.
  • Досегашната ракометарка на Ѓер, Јана Кнедликова, во следната сезона ќе игра за норвешкиот Кристијансанд, иако беше во комбинација за трансфер во рускиот шампион Ростов Дон.
  • Хрватскиот Нексе го комплетираше трансферот на Матео Родин. Десниот бек доаѓа од францускиот второлигаш Нанси.
  • Еден од двајцата чешки селектори, Даниел Кубеш, по заминувањето од Емсдетен, се пресели на клупата на бундеслигашот Нордхорн.
  • Тимот на Адемар Леон ја најде замената за десниот бек Давид Фернандез, кој замина во Висла Плоцк. Во Леон доаѓа младиот Србин Милош Гостовиќ, кој досега играше во австриската Втора лига.
  • ЦСКА Москва не ја продолжи соработката со десниот бек од Црна Гора, Игор Радојевиќ. Поранешниот играч на Металопластика, унгарскиот Егер, израелскиот Макаби Кирјат ќе си бара нова средина.
  • Досегашното десно крило на Ростов Дон, Марина Судакова, иако имаше најави дека ќе ја заврши кариерата, потпиша договор со ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска.