ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Деспотовиќ пак ќе го облече дресот на Ѓер, Хедин презема норвешки клуб

  • Официјалниот сајт на францускиот Брест Бретањ објави дека е постигна договор со десното крило Сиобан Делај. 19-годишната Делај потпиша договор на две и пол години и ќе биде замена за Паола Коатенеа, која ќе паузира поради бременост.
  • Селекторот на САД, Роберт Хедин, по завршувањето на обврските на СП ќе ја преземе тренерската функција во норвешкиот Фјелхамер. 56-годишниот шведски стратег доаѓа на местото на Кристијан Близнак.
  • Францускиот тим Иври објави дека е потпишан договор со пикерот Реми Левенте, кој треба да остане до крајот на сезоната. 30-годишниот Левенте претходно беше дел од Монпелје, Тулуз, Винтертур, а доаѓа од бундеслигашот Хам Вестфален.
  • Официјалниот сајт на унгарскиот Ѓер, објави дека црногорската репрезентативка Јелена Деспотовиќ се враќа на терените по паузата за бременост. Таа роди ќерка на крајот на август, а по шест месеци пауза ќе им се врати на тренинзите.
  • Романските медиуми најавуваат дека левото крило Лора Канор би требало да го засили Рапид Букурешт. Таа во моментов е членка на Мец, а оттаму минатата сезона во Рапид се пресели нејзината сестра близначка Орлан Канор.