ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Адемар Леон купи Грк и Босанец, унгарска легенда кажа крај, Дунареа уште се засилува

  • Исландскиот ветеран Александер Петерсон ќе го облече дресот на шести германски клуб во кариерата. По настапите за Фуксе Берлин, Гросшвалтат, Диселдорф, Рајн Некар и Фленсбург, тој се сели во Мелсунген.
  • Официјалниот сајт на Ференцварош објави за крајот на кариерата на легедарниот унгарски репрезентативец Тимушин Шух. 35-годишниот некогашен ас на Веспрем реши дека му е доста од ракомет.
  • Ференцварош постигна договор за камбек на пикерот Давид Дебрецени од Татабања, а договорите ги продолжија Бенце Наѓ и Мариан Жернович, како и некогашниот среден бек на Металург, Божо Анѓелиќ.
  • Десниот бек на босанскиот Извиѓач, Стјепан Јозиновиќ, од следната сезона ќе настапува во Асобал лигата. 22-годишниот Јозиновиќ потпиша договор на две години со Адемар Леон.
  • Тимот предводен од Маноло Каденас, покрај Јозиновиќ, се засили и со уште еден грчки интернационалец. По голманот Папантонопулос, доаѓа и левиот бек Теодорос Боскос од Диомидис Аргус.
  • По голманката Филипа Иден, која од Баја Маре се сели во Силкеборг, данскиот клуб донесе уште една ракометарка за следната сезона. Станува збор за левиот бек од Шведкса, Јулија Ериксон, која досега играше во турскиот Кастамону.
  • Шпанскиот стратег Хавиер Кабањас, која досега беше предводник на косовскиот шампион Беса Каваја, во новата сезона ќе има друг предизвик. Тој потпиша договор на една сезона со клубот од Саудиска Арабија, Халеџ.
  • Левиот бек Вилијам Богојевиќ, го продолжи договорот со данскиот Силкеборг на уште три сезони и тој ќе биде активен до 2024 година. Швеѓанецот со црногорско потекло претходно беше дел од Савехоф.
  • Левиот бек на ЦСКА Москва и шведската репрезентација, Сабина Јакобсен, потпиша договор на две сезони со романскиот тим Дунареа Браила, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска.
  • Шведското лево крило Џери Толбринг, заминува од Рајн Некар Левен, иако договор на уште две сезони. Тој поптиша за данскиот ГОГ Гудме и треба да игра за данскиот клуб до 2023 година.
  • Левиот бек на Кубан Краснодар и поранешна руска репрезентативка, Викторија Жилинскаите, го продолжи договорот за уште две сезони и ќе остане во Краснодар до 2023 година.