Томовски: Словенија многу лесно ги казни нашите грешки

Голманот Мартин Томовски кој бранеше во второто полувреме против Словенија и запиша пет интервенции на пресот по мечот изјави:

„Започнавме добро во првиот дел, но во второто полувреме направивме многу технички грешки. Словенија не казни многу лесно и како што кажа тренерот, разликата не е реална. Мора да бидеме подобри во следните натпревари и да одиме на изненадувања против Русија и Белорусија.”