Тиквеш има нов плејмејкер – доаѓа Гичев, соработката ја продолжи Симиќ

Кавадаречки Тиквеш продолжува со формирањето на играчкиот ростер за новата сезона во која ќе бие суперлигашки битки.

Ново име во составот што ќе биде предводен од Ристо Магдинчев е организаторот на играта Марио Гичев.

Тој доаѓа од тимот на Јуниор Кисела Вода каде што настапуваше претходната сезона. Потекнува од штипски Текстилец, а беше дел од Вардар 2, Работнички и Пролет.

Покрај Гичев, на средната бековска позиција ќќе игра и Страхиња Симиќ, кој потпиша нов договор со кавадаречкиот тим.

Подготовките на Тиквеш стартуваат на 29 јули, а предвидени се настапи на турнирите во Струга и во Прилеп.