Тиквеш има нов пивот, доаѓа екс младински репрезентативец на Србија

Екипата на Тиквеш се засилува за следната сезона, а во клубот пристига и ракометарот од Србија, Никола Стефановиќ кој има 21 година.

Станува збор за пивот кој во последните две сезони го носел дресот на Луги од Шведска. Висок е 190 сантиметри, а тежок речиси 100 килограми и игра во двата правци.

Кариерата ја почна во тимот на Лозница, а го носеше и дресот на Врбас, Раднички Крагујевац и Спартак Војпут.

Со доаѓањето на Стефановиќ тимот на Тиквеш ќе затвори една позиција која е доста чувствителна, па оттаму тој ќе биде добро засилување за кавадарчани.