„Тешко е да се работи со Зорман – има високи цели и високи очекувања“

Македонскиот интернационалец во редовите на Тримо Требње, Тоше Ончев, открива дека е тешко да се работи со легенда како Урош Зорман, кој е тренер со големи барања и високи очекувања.

Сепак левиот бек успеја да се адаптира во тимот, а најдобар показател за тоа е фактот дека е лидер на екипата, неколкупати се закити со епитет МВП на мечот, а двапати досега имаше статус и на најдобар играч на колото во првенството.

„Не верував дека толку лесно ќе се вклопам во средината. Ми беше потребно време да се адаптирам, да се вклопам во системот на Зорман. Тешко е да се работи со него. Тој е тежок човек, но не во лоша смисла, туку е крајно професионалец. Многу е темпераментен и бара да дадеш максимум без разлика дали си на тренинг или на натпревар. Поставува високи цели и има големи очекувања. Кога дојдов во екипата на почетокот на сезоната, Зорман јасно ни посочи: ‘Лани бевме вицешампиони, годинава сакам шампионска титула.’ На почетокот тоа ми беше проблем! Бев под стрес, да не згрешам, да ги исполнам неговите очекувања, но полека работите се менуваа. Јас се пронајдов во екипата и во системот, играм послободно, додека тој има голема доверба во мене и знае дека можам да одговорам на она што ќе побара“, објаснува Ончев.

Викенд-интервјуто со Тоше Ончев прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ТОШЕ ОНЧЕВ: Треба некој да ми даде шанса за да покажам дали вредам за репрезентација!