Темелков продолжува како во најдобрите денови, пак донесе победа

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков продолжува да игра во одлична форма и да прикажува неверојатни партии во редовите на Карјенг откако со неговите 11 погодоци тимот дојде до нов триумф.

Темелков беше најефикасниот во неговиот тим, на гостувањето кај Шифланж. Победата беше убедлива со 36:24, а ова е само продолжување на ритамот во кој Темелков игра од почеток на сезонава.

Тој е веќе на залезот на играчката кариера, но и понатаму игра во одлична форма и прикажува неверојатни партии.

Минатиот месец имаше одлични игри во Европскиот куп, а во првенството на Луксембург постојано е со голем број на голови.