Текстилец даде четири гол во последните две минути, но драмата во Штип ја доби Шампион

Тимот на Шампион славеше на гостувањето кај Текстилец со 28-27 во натпревар од 13 коло во Првата лига. По 3-3 на стартот, гостите ја преземаа контролата, водеа и со пет гола во првиот дел, но на пауза се замина со 14-10 за Шампион.

Во второто полувреме, избраниците на Слободан Чивлачки водеа со шест гола, 25-19, 26-20, а во последните три минути се влезе со нивна предност од 28-23.

Но беше исклучен Велјановски, потоа и Сибиновски и последните две минути Шампион ги играше со играч помалку. Тоа го искористија домаќините. Џинес и Савев намалија на 28-25, а во последната минути погодија уште Димчевски и Митревс.

Шампион тргна во последен напад, немаа премногу идеја во домашниот пресинг и немаа шанса за шут, но немаше ниту време па последниот обид од далечина на штипјани не заврши во гостинскиот гол.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сибиновски и Богоевски со по пет гола, додека Јованов постигна шест гола за Текстилец. И покрај поразот штипјани остануваа со 12 бода во трка за плеј-оф, додека Шампион девет бода и му го препушти последното место на Бисинов.