Тежок удар за Рајн Некар – крај на сезоната за Генсхајмер!

Лоши вести пристигнуваат денес од Германија во врска со повредата на еден од најдобрите германски ракометар Уве Генсхајмер.

Поранешниот капитен на германската репрезентација и член на Рајн Некар Левен, Уве Генсхајмер ќе го пропушти остатокот од сезоната во Бундеслигата.

Тренерот не екипата Љубомир Врањеш најави денес дека Генсхајмер ќе мора да оди на операција и дека поради тоа ќе паузира четири до шест месеци. 35-годишниот ракометар веќе некое време има проблеми со Ахиловата тетива поради што е отсутен од крајот на февруари.

Генсхајмер во најдобар случај би требало да се врати на терените на почетокот на идната сезона, додека во германскиот клуб стравуваат дека би можел да го пропушти и почетокот на новата сезона. „Лавовите“ оваа сеозна не играат баш најдобрo, а после 22 кола се наоѓаат на десеттата позиција на табелата.