Танкоски: Да беше сè средено во Металург немаше да си заминам (ВИДЕО)

Ракометарот кој летово се пресели од Металург во Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски е еден од играчите кои во Битола се посакуваа некое време. Тој беше на мета на Еурофарм Пелистер уште минатото лето, но сега дојде. Мораше да чека д аму заврши договорот иако една година претходно се обиде преку Арбитража да се ослободи.

За својот поранешен клуб има убави зборови, а ја откри причината поради која се одлучил да си замине.

„Да беше средено во Металург ќе ми беше желба да останам таму. Сепак, како што налагаше ситуацијата, а и амбициите на Еурофам Пелистер за освојување на двојнта круна и навивачите кои ги има мислам дека го направив вистинскиот избор. Од Металург си заминав со убави спомени. Таму ја поминав мојата досегашна кариера од пионер до сениор. Немам лош збор. Се работи за одличен клуб и му посакувам сè најдобро“, изјави Марио Танкоски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.