Супер машка лига: Разликата во квалитет на првата со втората „петка“ на виделина

Натпреварите од 16. коло не донесоа изненадувања и само потврдија каква е разликата во квалитет меѓу првите пет екипи и оние кои следуваат.

Металург, Охрид, Бутел Скопје и Пролет веќе го имаат затворено списокот за тоа кој ќе игра во плеј-оф лигата и тука веќе нема никаква дилема. Овие екипи си обезбедија и нови победи, па само можат во следните две кола да се обидат да го подобрат бодовното салдо бидејќи друго и не е важно во моментов.

Радовиш кој како петопласиран најдобро котира од екипите кои не влегоа во плеј-офот си обезбеди нови три бода за плеј-аут лигата бидејќи се пренесуваат поените од пресметките со тимовите кои се во долниот дел од табелата.

Следното 17. коло се игра в среда, а потоа за викенд финишира регуларниот дел од сезоната, па веднаш потоа ќе стартува и плеј-оф лигата и битката за титулата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 16. КОЛО

ПРОЛЕТ 62 – ВАРДАР ЈУНИОР            37:21

Џонов 10, Поповски 7, Ф. Василевски 5 – Јакимовски 6, Трпчевски 5, Карапалевски 4

МЕТАЛУРГ 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ          17:28

Стојановиќ 5, Кофиловски 4, Мелоски 3 – Димов 7, Ѓеорѓиевски 7, Божиновски 4

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2      34:18

Чантурија 6, Јагуриновски 4, Лазаревски 4 – Талевски 6, Петровски 5, Димитровски 2

ОХРИД – СТРУГА 31:24

Блажески 9, Ивановски 4, Ристески 4 – Кузманоски 7, Рајатоски 4, Мекиќ 3

РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ      29:38

Палевски 17, Михајловиќ 4, Марковски 2 – Илиев 11, Постолов 5, Органџиев 5

ТАБЕЛА: 1. Металург 44 бода (549:392); 2. Охрид 40 (455:359); 3. Бутел Скопје 37 (429:377); 4. Пролет 35 (510:412); 5. Радовиш 25 (470:470); 6. Вардар јуниор 21 (430:477); 7. Пелистер 17 (409:430); 8. Металург II 7 (437:525); 9. Струга 4 (371:488); 10. Работнички 4 (445:575).`