Судијки од БИХ ќе делат правда на Македонија – Романија

Реваншот меѓу Македонија и Романија ќе биде одигран в среда од 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а за овој дуел веќе се познати и официјалните лица.

Судии на оваа средба се Татјана Праштало и Весна Балван од БиХ, додека делегат ќе биде Светлана Обучина од Србија.

На овој двобој веќе е познато речиси сè бидејќи на првата средба репрезентацијата на Романија забележа висока победа од 33:22, па пред Македонија е тешка задача на реваншот.

Според ова сосема извесно е дека Македонија тешко може до изненадување, па в среда ќе треба само да се одработи најдобро што може.