Судбината на Македонија на СП во рацете на Шмал и Висландер

Македонија го задржува континуитетот со настапи на големите репрезентативни натпреварувања, а следен голем настан на кој ќе игра нашата репрезентација е Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 2. јули а познати се деталите за церемонијата. Во главна улога ќе бидат поранешните ѕвезди Славомир Шмал и Магнус Висландер кои ќе бидат задолжени за извлекувањето.

Градови домаќини во кои ќе се игра Светското првенство ќе бидат Катовице, Краков, Плоцк и Гдањск во Полска. Во Шведска првенството ќе се игра во следите градови, Стокхолм, Јончепинк, Малме, Кристијанштад и Гетеборг.

Ждрепката е закажана на 2 јули.

шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини. Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад.

Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд
група Е (Катовице) – Германија
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1
група Х (Малме) – Данска