СТРУШКИ ТУРНИР: Ден за финале и четири интересни дуели

Осумте екипи кои во минатите четири дена се натпреваруваа во изминатите денови на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга денеска ги имаат последните настапи.

Програмата ќе биде отворена утрово со дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга во дуелот за 7. позиција, а потоа во стандардните термини како и минатите денови ќе следуваат двобоите за 5. место, 3. место и финалето.

Сите се во исчекување на првата пресметка во оваа сезона меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, два тима од кои се очекува да бидат во дуел за титулата.

СТРУШКИ ТУРНИР, 48. ИЗДАНИЕ

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

НЕДЕЛА, 16 АВГУСТ

10:00ч (7. МЕСТО)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА

17:15ч (5. МЕСТО)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП

19:15ч (3. МЕСТО)

ОХРИД – МЕТАЛУРГ

21:15ч (ФИНАЛЕ)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР