Стружани со ново засилување, донесоа искусен пивот

Екипата на Струга има ново засилување за следната сезона откако падна договор со пивотот од Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа од тимот на ГРК Тиквеш и со своето искуство ќе биде големо засилување за тимот од Струга.

Ѓорѓиоски е пивот кој има повеќе од една деценија на настапи во Супер машката лига и играч кој добро знае што значи да се игра во ова натпреварување.

Со неговото доаѓање Струга добива квалитетен и искусен играч во одбраната, но и ракометар кој ќе може да помогне и во нападот што отвора простор за надигрување со другите тимови бидејќи стружани стануваат посилни од лани на повеќето од позициите.

Пеце Ѓорѓиоски потекнува од школата на Прилеп, а во својата кариера го носеше дресот и на: ТК Бренд, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички и Радовиш.