СТРУГА 2022: Јованоски – Ретко кој може да се пофали со традицијата што ја има Струшкиот турнир

Од 16 до 20 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе се одржи 50.издание на Струшкиот турнир.

Покрај домаќинот Струга, ќе играат уште четири македонски екипи – Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Алкалоид, како и три странски екипи – АЕК Атина, Татран Прешов и Целје.

Претседателот на домаќинот Струга, Кире Јованоски, вели дека ретко кој може да се пофали со таква традиција како Струшкиот турнир.

„Ретко кој од било кој спортски аспект може да се пофали со 50 години традиција. Ние и во најтешките години, успеавме да ја одржиме традицијата заедно со струшките ракометни работници и љубителите на ракометот. Ќе се игра на отвореното игралиште покрај Женска плажа од 16 до 20 август. Турнирот повторно ќе има осум екипи во две групи и мислам дека ова може да биде еден од посилните турнири во последно време. Сите овие екипи се освојувачи на многу титули во домашните и европските конкуренции“, вели Јованоски.

Турнирот ќе трае од 16 до 20 август, а ќе стартува со натпреварот меѓу Струга и Еурофарм Пелистер од 17:00 часот.