СТРУГА 2020: Прилепчани и охриѓани со негативни тестови на Ковид-19!

Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Охридското Езеро ќе започне 48. издание на Струшкиот турнир.

Ќе играат осум македонски екипи, па љубителите на ракометот во нашата земја ќе имаат шанса да се уверат со какви можности располагаат нашите најдобри тимови.

Задолжително за сите екипи што ќе играат во Струга се тестови на Ковид-19, а според последните информации сите тестови на играчите и стручните штабови на Охрид и Прилеп се негативни.

Натпреварот со кој ќе биде отворено новото издание на турнирот е меѓу домаќинот Струга и Прилеп, а започнува во 17:15 часот.