СТРУГА 2020: Првиот пехар после пет месеци пауза заврши кај Еурофарм Пелистер

Со вчерашното одигрување на натпреварите за пласман финишираше 48. издание на Струшкиот турнир на кој осум екипи од Супер лигата се надигруваа пет дена на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ на Женска плажа во Струга.

Особено беше интересен последниот ден на кој имаше четири интересни натпревари. Иако дуелот Металург – Охрид делува како лесна победа за металурзите, сепак, и тука имаше силен отпор од охриѓани кои во поголемиот дел беа рамноправни.

На другите дуели имаше порамноправна битка. Подолу можете уште еднаш да ги погледнете резултатите од натпреварите за пласман, додека сите средби од групната фаза ги имате на следниот ЛИНК.

СТРУШКИ ТУРНИР, 48. ИЗДАНИЕ

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

7. МЕСТО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 23:21 (ИЗВЕШТАЈ)

5. МЕСТО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 25:23 (ИЗВЕШТАЈ)

3. МЕСТО

ОХРИД – МЕТАЛУРГ 26:31 (ИЗВЕШТАЈ/ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФИНАЛЕ

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23:26 (ИЗВЕШТАЈ/ФОТОГАЛЕРИЈА)