Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа на 48. издание на Струшкиот турнир, откако славеа над новиот суперлигаш Прилеп со 33-24 и ако слават утре против домаќинот ќе играат за третото место.
Во првото полувреме екипите се менуваа во водство, а Металург ги повторуваше истите грешки од вчерашниот дуел, па прилепчани најчесто беа тие што го има водството од еден гол.
Зоран Кастратовиќ ги внесе во игра Додиќ и Кондев, се забрза играта на Металург и тимот од Автокоманда поведе со 9-8 по дваесетина минути игра. Ѓорѓески беше одличен на голот, одбрани два удари од седум метри, но потоа Чантурија израмни на 9-9.
Кондев и Канкараш му донесоа плус два на Металург, 11-9, но Пајкоски намали на 11-10. Сепак со двата гола на Шилегов, скопскиот тим замина на пауза со предност, 13-11, иако имаше можност и за плус три, но Ѓорѓески не го погоди празниот гол.
Беше 14-12 на стартот на вториот дел, пред Металург да казни неколку грешки на Прилеп и да се одлепи на 18-12. Кога скопскиот тим поведе со 23-14 веќе немаше дилеми околу победникот, па тренерите на двете екипи им дадоа шанса на сите ракометари од клупата.
Кастратовиќ ги внесе Тодески, Митиќ, Мијатовиќ, Вујовиќ…Кузманоски пак Андоновски, Вренцоски, Бикоски, Дукоски…До крајот немаше никакви дилеми и Металург лесно го доврши натпреварот со конечни 33-24.
Најефикасен кај победникот беше Мице Шилегов со осум голови, 14 интервенции имаше Даниел Ѓорѓески.
48. РАКОМЕТЕН ТУРНИР СТРУГА 2020
СТРУГА – ПРИЛЕП 28:32 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 24:25 (ИЗВЕШТАЈ/ГАЛЕРИЈА)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 24:22 (ИЗВЕШТАЈ/ГАЛЕРИЈА)
ЧЕТВРТОК, 13 АВГУСТ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 21-17 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ – ПРИЛЕП
21:15ч ВАРДАР – ОХРИД
ПЕТОК, 14 АВГУСТ
17:15ч СТРУГА – МЕТАЛУРГ
19:15ч ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП
21:15ч ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
САБОТА, 15 АВГУСТ
17:15ч ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:15ч СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21:15ч ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
НЕДЕЛА, 16 АВГУСТ
10:00ч НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО
17:15ч НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО
19:15ч НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО
21:15ч ФИНАЛЕ