СТРУГА 2020: Металург го „сефтоса“ отвореното игралиште покрај езерото (ФОТО)

Утре стартува 48. издание на традиционалниот Струшки турнир, кој оваа година ќе биде „македонска Суперлига“.

Доколку не го сметаме домаќинот Струга, кој одамна тренира на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, прва екипа која го почувствува теренот пред стартот на новото издание на турнирот е Металург.

Тимот од Автокоманда во текот на вчерашниот ден направи тестови на коронавирус, кои беа негативни.

Металург е во група со Еурофарм Пелистер, Прилеп и домаќинот Струга, додека во другата група се Вардар, Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер.