Струга со ново засилување, донесе среден бек од Црна Гора

Екипата на Струга продолжува со комплетирање на играчкиот кадар на кој ќе смета следната сезона во натпреварите од Супер лигата, а ново име на списокот е Црногорецот Владан Кастратовиќ.

Играчот ќе пристигне покрај езерото од првенството на Црна Гора каде што настапуваше за тимот на Комово. Во последната сезона беше најдобар стрелец и најдобар играч за тимот од Црна Гора.

Владан Кастратовиќ настапува на позицијата среден бек и е еден од најдобрите организатори на играта од Црна Гора. Тој исто така е член и на јуниорската репрезентација на Црна Гора.

Заедно со голманот Никола Матовиќ ќе бидат двајца Црногорци кои ќе настапуваат во редовите на Струга.