Стојчевиќ заминува од Бутел – следен клуб Мулти Есенс

Поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија и актуелен ракометар на Бутел Скопје – Стефан Стојчевиќ, од наредната сезона ќе има нов клуб и нов предизвик во кариерата.

Тој по три сезони минати во Бутел Скопје, од лето ќе го носи дресот на Мулти Есенс, вториот тим на Алкалоид, кој е на чекор до место во суперлигашкото друштво за следната сезона.

Стојчевиќ има 20 години, одлични физички предиспозиции и тригодишно искуство од Суперлигата. Претходно кружниот напаѓач настапуваше за матичниот Аердром седум сезони.

Мулти Есенс има 39 бодови на првото место што носи пласман во Суперлигата и тешко дека ќе биде загрозен од некој друг. Во овој клуб активно веќе се работи на засилувања и во стручниот штаб и во играчкиот кадар, а најавени се големи промени.