Стојановиќ одбра 18 ракометари за ЕХФ шампионатот во Рига

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ го објави списокот на ракометари за настап на ЕХФ шампионатот за кадети, кој ќе започне денес и ќе се одржи во престолнината на Летонија, Рига.

На ЕХФ Шампионатот во Рига, кадетската машка репрезентација на Македонија се наоѓа во група А со Турција, Летонија и Косово.

По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Од 20 ракометари, кои беа на подготвителниот период, отпаднаа левиот и десниот бек Стефан Милков и Давид Иванов.

Термини и распоред на натпревари на Македонија

08.08.2022 Македонија – Турција – 19:30 часот

09.08.2022 Косово – Македонија – 13:00 часот

11.08.2022 Македонија – Летонија – 15:00 часот

Промена во последен момент: Кадетите за 16 часа ќе играат два меча на ЕХФ шампионатот!