Стоилов со џентлменски потег – му дозволи на Чупиќ да го крене пехарот (ФОТО)

Ракометарите на Вардар по две години пауза кренаа трофеј во некое натпреварување на македонско тло.

Избраниците на Стевче Алушовски славеа над Еурофарм Пелистер со 26-24 во финалето на Купот на Македонија и го освоија 14. пехар, со што останаа далеку на првото место на вечната листа пред Металург кој има шест.

Капитенот Столе Стоилов направи џентлменски потег и му дозволи на Иван Чупиќ, кој заминува на лето, да го крене пехарот.

Таков потег Стоилов направи и во Келн, во 2019 година, кога Вардар стана европски шампион, а тогаш пехарот го крена Игор Карачиќ, кој тоа лето замина во Келце.