Стоилов: Некои играчи не сфаќаат што значи да се носи дресот на Вардар!

Вардарци загубија со 32-36 од Мешков Брест во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Капитенот Стојанче Стоилов беше лут на односот на некои од неговите соиграчи кон вардаровиот дрес.

„Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. Алонсо кажа колку Вардар е специјален клуб и како знае да направи камбек. И колку е голем клуб. Но некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што го носат овој дрес. Тоа е најголемиот наш проблем“, изјави Стоилов.

Вардарци од сабота ќе се посветат на домашните обврски во плеј-офот, на средината на месецот ги чекаат и натпревари во СЕХА, додека осминафиналните средби со Веспрем ќе бидат на програмата на 31 март или 1 април, како и на 6 или 7 април.