Вардар следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, по одлуката на ЕХФ дека не може да биде дел од елитата поради заостанати долгови.
Капитенот Стојанче Стоилов откри дека е разочаран од одлуката, но уверен е дека ќе биде преброден и овој лош период.
„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата кај нас во клубот, бездушно не казнија, кога долговите беа на крај, кога клубот застана на нозе, тешко освена двојна круна. Не врати некоја година назад, сигурно. И претходно имаа шанса да не казнат, навистина е чудно. Но, јас гледам субјетивно, ќе поминеме низ ова. Се надевам дека Михајло ќе остане со нас, мислам дека не е време да се тргне. Кажа дојде да го спаси Вардар, го спаси, но треба остане уште. Не беше многу одамна кога освоивме титула, не може Вардар да згасне со ветена помош. Бев сведок на тие ветувања, барем тоа што го ветуваат, да дадат да помогнат, стварно секаде е тешко, пандемија и војна, не е лесно. Не мора се, барем дел да се помогне. Чекор назад, но не е ништо загубено. Голем дел од играчите ќе останат, ќе земеме нешто што може да се земе, ќе биде тешко против Е.Пелистер, се покажа како вистински противник одамна не сме имале таква конкуренција. Ние сме Вардар, како било до сега така ќе биде и понатам“, изјави Стоилов.