Стоилов: Вината е кај нас!

Македонската репрезентација го заврши настапот на ЕП 2020, година по поразот од Австрија во решавачкиот трет меч од прелиминарната фаза.

Ракометарите го напуштија теренот разочарани од играта и од резултатот, немаше ни многу зборови во обид да се најде вината и причината за ваквиот непосакуван исход. Пикерот Стојанче Стоилов како најголем проблем ја посочи деконцентрираноста.

„Многу деконцентрација, многу падови. На вакво натпреварување не може да се прават толку грешки. Недозволиво е тоа. Вината е кај нас. Ни фали концентрација. Секој по една грешка ако направи тоа се 16 грешки. Тоа е тоа…“ – кратко изјави Стојанче Стоилов.

Македонија го заврши настапот на ЕП, а за конечниот пласман ќе мора да ги почекаме резултатите од другите групи.