Еден од фаворитите за освојување на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер во елиминацискиот натпревар беше убедлива против прволигашот Текстилец со 45:19 обезбедувајќи пласман во осминафиналето во Купот.
Еурофарм Пелистер на овој натпревар настапи со комбиниран состав и дел од првотимвците имаа заслужен одмор пред реванш дуелот против Бидасоа во рамки од Лига на Европа.
Избраниците на Валтер тргнаа според очекуваното, поведоа со 5:0 и до крајот на натпреварот предноста растеше во корист за домашниот табор. Текстилец веќе капитулираше во воведниот дел и не можеше да ја преполови негативата и да се избори за поблаг пораз.
Битолската екипа заигра посериозно во второто полувреме и не дозволи поголем отпор на противниците. Со брзи голови постепено растеше предноста на „фармацевтите“ и до крајот рутински го одржаа стекнатото водство.
Најефикасен во победничката екипа беше Никола Стоилевски со 14 погодоци, додека седум гола постигна Ненад Костески. Во поразениот табор се истакна Никола Јованов со осум гола.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2