СТАТИСТИКА: Кој даде најмногу голови, кој мина најмногу време на терен, кој направи најмногу грешки…(ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Мундијалот во Египет со пет порази и една победа во шест одиграни натпревари против Шведска, Египет, Чиле, Словенија, Русија и Белорусија.

Од кумулативната статистика на нашите репрезентативци може да се издвои дека Филип Кузмановски е нашиот играч што минал најмногу минути на теренот – вкупно 4 часа 40 минути и 40 секунди, а најмала минутажа имаат Михајло Младеновиќ и Никола Даниловски.

Најдобар стрелец на нашата селекција е Кире Лазаров кој даде 28 погодоци од 55 обиди, а двоцифрени учиноци имаат уште Кузмановски, Костески и Пешевски. Најслаб процент на реализација имаат Талески и Мишевски, 28%, односно 13%. Кузмановски има и најмногу технички грешки, вкупно 17.

Најмногу асистенции има токму капитенот, вкупно 24, додека Кузмановски подели 11 успешни додавања. Кај голманите Митревски и Томовски, собраа вкупно 67 интервенции, или 26% што е сосема солидно за голманска двојка.

На крајот нашата селекција веројатно ќе го има најлошиот пласман на Мундијалите и ќе заврши на 23 место.