СРЦ „Билјанини Извори“ станува центар за вакцинација, Охрид се сели во друга сала

По примерот на СЦ „Борис Трајковски“, и СРЦ „Билјанини Извори“ во следниот период ќе биде центар за вакцинација против Ковид-19.

Граѓаните на Охрид, Струга, Ресен, Дебар, Кичево и Вевчани ќе се вакцинираат во овој спортски центар, пишува МИА.

Тоа значи дека ракометниот клуб Охрид и другите спортски колективи, ќе мора да бараат ново решение за домашните натпревари што ги чекаат до крајот на сезоната.

Веројатно уште утрешниот натпревар против Еурофарм Пелистер ќе биде одигран во СЦ „Билјанини Извори“, па потоа избраниците на Раде Стојановиќ следните дуелите ќе ги играат во друга сала.