Србија со Стефан Додиќ на Европското кадетско првенство

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ го објави списокот на повикани ракометари за репрезентативните подготовки за настап на Европското кадетско првенство кое ќе се одржи од 12 до 22 август во Хрватска.

На списокот од 19 ракометари се најде и средниот бек на Металург, Стефан Додиќ. Младиот ракометар од Автокоманда ќе има шанса своите квалитети да ги покаже и на Европското кадетско првенство.

Кадетите на Србија подготовките ќе ги стартуваат од Вождовац. По неколку поминати денови во Белград, кадетската репрезентација на Србија ќе патува за Португалија каде ќе настапи на меѓународен турнир, од 8 до 10 јули.

Србија на европскиот кадетски шампионат во Хрватска за противници во првата фаза ги има репрезентациите на Исланд, Словенија и Италија. Првиот натпревар ќе го одиграат на 15 август против Исланд.