Србија во вториот дел го скрши отпорот на Аргентина, Египет обезбеди четвртфинале!

Репрезентацијата на Србија во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведка успеа да триумфира против незгодната репрезентација на Аргентина, со резултат 28:22 (12:10).

Натпреварот меѓу селекцијата од Јужна Америка и избраниците на Тони херона беше отворен со голот на Орбовиќ за водство на ,,орлите” од 1:0. Аргентина одлично им парираше на ракометарите на Србија, иако во дел од првите 30 минути на моменти имаше пад во играта, сепак, одржуваше чекор со ривалот. Следуваше период, во кој Аргентина ја имаше контролата на резултатот во неколку наврати, водеше со 2:1 и 3:2.

Србија заигра поангажирано, израмни на 3:3, го презеде водството, поведе со 4:3, имаше и ,,плус два” 5:3, но никако не можеше да се одлепи на посериозна предност. Избраниците на Милано им правеа големи проблеми на српската репрезентација, разиграни беа бековите, па така Аргентина бргу дојде до израмнување на резултатот 5:5. Во продолжението се играше гол за гол, пред јужноамериканската селекција да поведе со 9:8 во 22 минута.

Аргентинците не се снајдоа најдобро во последните минути од дуелот и дозволија Србија да направи целосен пресврт. Откако Аргентина водеше со 10:9, ракометарите на Херона со одличната игра во напад и одбрана направија серија од 3:0 и на полувреме заминаа со минимална предност од плус два, 12:10.

Во вториот дел играта на Аргентина целосно се распадна, па така Србија многу лесно доаѓаше до погодок. Србија за само неколку минути игра зголеми на 15:10 и до крајот на натпреварот одржуваше солидна дистанца, најчесто од пет до шест гола разлика. Аргентина се обидуваше да се врати во игра, но грешките и промашените зицери си го направија своето, па така српската селекција се израдува на првата победа во групната фаза на Мундијалот.

Репрезентацијата на Египет одигра рутински против Бахреин, триумфираше, со резултат 26:22 (13:9). Египет со освоената победа против Бахреин обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Селекцијата на поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо ќе се обиде да стигне до полуфиналето и да се бори за медал.

Во натпревар од Президент Купот, Мароко славеше над Алжир со 28:27 во неизвесен финиш.